Две европски компании сакаат да инвестираат во АМБО

Bez autora
May 23 2010

Владата во Чешка сака да инвестира во АМБО, а уште една европска компанија преговара за вклучување во нафтоводот. Одговорните луѓе во конзорциумот што ќе го гради нафтоводот кој ќе минува низ Албанија, Македонија и Бугарија велат дека разговорите се во завршна фаза и најверојатно ќе бидат финализирани годинава. Во моментов спроведуваат длабински анализи за проектот АМБО, тоа е група која ја претставува чешката влада која е заинтересирана да инвестира во енергетски проекти за да се заштити себеси од растот на цените на енергенсите. Проектот АМБО не е мртов, напротив тој е во предност пред конкурентските нафтоводи. Според него 2010. ќе биде година која ќе донесе нов импулс во реализацијата на мега проектот значаен за целиот регион. Ниту еден најавените нафтоводи не е изграден, имаше некои објави по медиумите, церемонијални копања, поставување камен темелници но ништо не е отидено напред.

Две европски компании сакаат да инвестираат во АМБОВладата во Чешка сака да инвестира во АМБО, а уште една европска компанија преговара за вклучување во нафтоводот.

Одговорните луѓе во конзорциумот што ќе го гради нафтоводот кој ќе минува низ Албанија, Македонија и Бугарија велат дека разговорите се во завршна фаза и најверојатно ќе бидат финализирани годинава.

„Во моментов спроведуваат длабински анализи за проектот АМБО, тоа е група која ја претставува чешката влада која е заинтересирана да инвестира во енергетски проекти за да се заштити себеси од растот на цените на енергенсите“, изјави Тед Фергусон, конзорциум АМБО.

Проектот АМБО не е мртов, напротив тој е во предност пред конкурентските нафтоводи, вели и поранешниот министер за странски инвестиции Ташковиќ, член на конзорциумот АМБО. Според него 2010. ќе биде година која ќе донесе нов импулс во реализацијата на мега проектот значаен за целиот регион.

„Ниту еден најавените нафтоводи не е изграден, имаше некои објави по медиумите, церемонијални копања, поставување камен темелници но ништо не е отидено напред. АМБО е се уште на иста напредна позиција како што беше пред неколку години, ние се уште чекаме нафта да дојде од Казахстан и Русија“, вели Глигор Ташковиќ, член на конзорциумот АМБО.

АМБО сигурно нема да почне да се гради уште неколку години, но добро е што за него има согласност од трите земји низ кој треба да се протега.

„Добар напредок е тоа што меѓу Македонија, Бугарија и Албанија се склучени одредени спогодби кои им овозможуваат на потенцијалните инвеститори на АМБО, да работат како да го градат нафтоводот на една територија, а не на територија на три земји“, рече Борис Рикаловски, експерт.

Низ АМБО ќе се пренесува нафта за европскиот пазар, од Бургас - Бугарија, низ Македонија до Валона, Албанија. Од транзит земјава ќе заработува по околу 20 милиони долари годишно.

„Тој проект е потребен, кога ќе се реализира и како, не можам да дадам такви проекции, но можам да кажам дека проектот е корисен и потребен за регионот, а и за Македонија“, изјави Фатмир Бесими, министер за економија.

Руско-украинскиот спор за гасот исцрта нова енергетска мапа каде се води голема трка за контрола на енергетските извори и коридори. Македонија е само набљудувач на битката што ја водат моќните држави.

Македонија е далеку од почетните и завршните точки на најважните енергетски патишта. Далеку од големите производители и потрошувачи на енергенси.

Таквата позиција и малиот пазар ја прават земјата неважна при трасирањето на нафтоводите и гасоводите. Токму затоа, според експертите, властите треба поагресивно да се борат за место на Македонија на енергетските коридори.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik